Известување за гласачите: категории и тек на гласање

I
ПОСТАПКА ЗА НОМИНИРАЊЕ

Музичките нумери за доделување на MACпризнанијата ги номинираа радиостаниците од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, ЦрнаГора и Словенија, а за прв пат можност да номинираат имаа и самите изведувачи, како и публиката.

Номинираните нумери се однесуваат на нумерите на изведувачи од Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и Словенија.

Изведувачите, публиката и радиостаниците номинираа нумери независни од тоa од која земја е изведувачот, туку исклучиво водејќи се од личните преференци, односно релевантните параметри на слушаност и популарност на нумерите.

 

Услов за номинација во рамките на која било категорија е музичкото дело да настанало или да е реализирано во периодоtод 1.10.2021до15.10.2022.

II
КАТЕГОРИИ И ЖАНРОВИ

Во сите категории во првиот и вториот ден еден изведувач може да биде номинираn исклучиво еднаш, односно може да биде присутна само една номинација од истиот изведувач во рамките на една категорија.

Ова правило важи за сите категории, освен во категориите КОЛАБОРАЦИЈА NEW AGE КОЛАБОРАЦИЈА, каде еден изведувач може да биде номиниран онолку пати колку што има колаборации со различни изведувачи.

Еден изведувач може да биде номиниран во онолку категории колку што има жанровски различни нумери.

Напрвиот ден од церемонијата, 25 јануари, номинираните нумери им припаѓаат на категориите:

  1. ПОП НУМЕРАЖЕНСКИ ИЗВЕДУВАЧ
  2. ПОП НУМЕРАМАШКИ ИЗВЕДУВАЧ
  3. АЛТЕРНАТИВНАПОП НУМЕРА
  4. РОК НУМЕРА
  5. НАРОДНА НУМЕРА
  6. РАП/ХИП–ХОП НУМЕРА
  7. WORLD MUSIC
  8. КОЛАБОРАЦИЈА

Во категоријата КОЛАБОРАЦИИ припаѓаат нумерите кои ги изведуваат двајца или повеќе изведувачи, претставници на ист или различен жанр. Жанровите на нумерите кои можат да се најдат во категоријата КОЛАБОРАЦИЈА се: поп, алтернативен поп, рок, рап/хип-хоп, world music и народна музика или нумери кои прават синергија на некои од наведените жанрови.

На 26 јануари 2023, на вториот ден од церемонијата, номинираните нумери се во рамките на овие категории:

9. ТРАП НУМЕРА МАШКИ ИЗВЕДУВАЧ

10. ТРАП НУМЕРА ЖЕНСКИ ИЗВЕДУВАЧ

11. БАЛКАН ТРАП НУМЕРА

12. ДРИЛ НУМЕРА

13. УРБАН ПОП НУМЕРА

14. ПОП-ФОЛК НУМЕРА

15. NEW AGE КОЛАБОРАЦИЈА

Во категоријата NEW AGE КОЛАБОРАЦИЈА припаѓаат нумерите кои ги изведуваат двајца или повеќе изведувачи, претставник на истиот или различен жанр. Жанровите на нумерите кои можат да се најдат во категоријата NEW AGE КОЛАБОРАЦИЈАсе: трап, дрил, Балкан трап, урбан поп и поп-фолк.

Категориите кои не се жанровски определени и во рамки на кои можат да се најдат нумери и/или изведувачи без оглед на жанровската поделба на манифестацијата по денови се:

16. КОНЦЕРТ

17. МУЗИЧКО ВИДЕО

18. ВИРАЛ НУМЕРА

19. АЛБУМ

 

ВИРАЛ НУМЕРАе категорија во која се наоѓаат самостојни нумери или колаборации кои оствариле најголем комерцијален успех преку дигитална платформа: Јутјуб, Јутјуб мјузик, Дизер, Спотифај, Епл мјузик, Тидал, Пандора, Амазон мјузик, ајТјунс, Тик Ток, Фејбук, Инстаграм.

Во категоријата КОНЦЕРТ се наоѓаат сите номинирани концерти на изведувачи независно од музичкиот жанр.

Во категоријата МУЗИЧКО ВИДЕО се наоѓаат сите номинирани музички видеа на изведувачи независно од музичкиот жанр.

III
ГЛАСАЊЕ

Гласањето се одвива преку официјалниот Јутјуб канал на MAC, преку веб-страницата на MAC и преку e_finity апликацијата.

Гласањето почнува на 20.12.2022и трае до почетокот на манифестацијата, 25. 1. 2023 (заклучно си24.1.2023на полноќ), односно 26.1.2023 (заклучно со 25.1.2023 на полноќ).

Јутјуб гласањето почнува на 20.12.2022при што е потребно секој гласач да направи сабскрајб на официјалниот MAC јутјуб-канал и во рамките на категоријата да ја лајкува нумерата за која сака да гласа.

Гласањето преку Јутјуб платформата се одвива на принципот еден лајк – еден глас.

Восекоја категорија може да се гласа за секоја од номинираните нумери по еднаш.

Секој гласач може да гласа и за онолку номинирани нумери колку што се присутни во категоријата.

Гласањето е достапно и на официјалната страница на MAC www.musicawardsceremony.com по следните правила:

Секој гласач кој ќе се регистрира на MAC страницата има право на 10 гласа во секоја категорија и може да ги распореди на повеќе номинации во рамки на една категорија или може 10 пати да гласа за една номинација во рамки на една категорија.

Дополнителни 10 гласа во секоја категорија на сите полнолетни гласачи ќе им подари MaxBet.

Гласањето може да се обави еднократно или во повеќе наврати.

Редоследот на нумери во рамки на категорија е одреден по азбучен ред, врз основа на имињата на изведувачите. 

За сите наведени категории гласањето се врши на ист начин, независно од тоа дали признанијата се доделуваат на првиот или вториот ден од манифестацијата, освен за категоријата АЛБУМ НА ГОДИНАТА, за која се гласа исклучиво со СМС порака.

Секоја номинација во рамки на категоријата АЛБУМ НА ГОДИНАТА има свој реден број.

Гласањето во рамки на категоријата АЛБУМ НА ГОДИНАТА се врши така што во текстот од пораката се внесува зборот „UNICEF“ и редниот број на нумерата за која гласачот сака да гласа, без празно место.

Пример:

UNICEF1 НА 141991 / ЗА АЛБУМОТ ПОД РЕДЕН БРОЈ 1

или

UNICEF9 НА 141991 / ЗА АЛБУМОТ ПОД РЕДЕН БРОЈ 9

За Северна Македонија, СМС се испраќа на бројот 141991кој важи за сите мрежи, а цената на пораката е 106,20 ДЕН.

Целиот приход од СМС гласовите ќе бие пренасочен на УНИЦЕФ за програмата „Унапредување на менталното здравје на децата и младите“.

IV
ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПОБЕДНИЦИТЕ И ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРИЗНАНИЈАТА

Прогласувањето на победниците и доделувањето на признанијата во секоја категорија се врши на самиот MAC настан во јануари 2023 година, односно на 25 или 26 јануари 2023.

Организаторот го задржува правото да ги дисквалификува нумерите кои поттикнуваат верска, расна, национална или етничка нетрпеливост, како и нумерите кои навредуваат лица од поинаква сексуална ориентација.

Организаторот го задржува правото по потреба да го смени редоследот, бројот и називите на категориите, како и да додаде подкатегории.

Организаторот го задржува правото во различни категории да објави листи за гласање со различен број номинирани нумери.

Организаторот го задржува правото за промена и дополнување на овој Правилник.